оваа (зам.) - држава (имн.)

Сега треба нови, а како може секоја година нови? Божем оваа држава е крава молзница!“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Сѐ додека еден граѓанин на оваа држава заради една националност политички, општествено и човечки е адекватен, одбивам да бидам сведена на било која - му го објаснив својот став на чекачот, горда што успеав така згодно да го формулирам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Пезевенк си ми ти, момче... - стана, отклучи едно вратиче од мусандрата и, свртувајќи се, одврза црно платнено ќесе, му изброја шест лири и потоа му рече: - Како претходната, така и оваа држава ни е поткуплива...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И уште им кажуваше дека меѓуетничките односи се столбот, темелот на кој се потпира стабилноста и иднината на оваа држава.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како и све у оваа држава (освен мажот), ракунот е заштитен со закон.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Фрчат пари од сите страни Се прашувам можно ли е оваа држава да е толку поштена? Дури и наивна.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
У оваа држава дури ни познатиот киселоводски стритер нема инфраструктура за да преживее.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Да ѝ биде јасно дека тука, во таква куќа, во оваа држава, не ѝ е местото. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Оваа држава ја молзи Европа кога сака и кога ќе ѝ текне.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)