оваа (зам.) - војна (имн.)

Оваа војна не е како бојот на Косово“, му рече.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Ех... војници се, којзнае каде. По шумци. Нѐ изеде оваа војна...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Исто така, тој сметал дека „Балканот мора да ја сфати глобалната смисла на оваа војна, а тоа е дека ние мораме да создадеме слободен свет во кооперација со трите големи сили во слободниот свет – Русија, Велика Британија и САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Обичните луѓе на балканските народи сакаат ослободување од коруптивните домашни владеачки класи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Оваа војна ќе го предизвика зајакнувањето на веќе започнатиот турски национализам, предизвикувајќи депортации, односно чистење, подоцна и етнички, кои понекогаш имаа димензии на масакри на населенија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да не беше оваа војна во Босна и што знам јас уште каде не е, секако дека најпрво ќе одевме на Јадранско море, па потоа селско - планински туризам, но ете, проклета војна!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А и овие Грциве, ја затвориле границата и не можеме ни на тоа море да одиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)