ова (зам.) - за (предл.)

А што треба да ѝ значи ова за жената?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ама, да не го направи тој ова за Тодора? се штрекна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако не друго, сето ова за мене ќе биде само уште една добра улична школа. Никоја диплома не може да ја замени уличната.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Стои Толе над посатките и сеедно зборува: - Стомниња, бардиња, грниња, вика, не ќе оди ова за многу и мечката од Москва ќе се опсени и за нас, стомниња, бардиња, грниња и ќе видите, вели, како што слушам јас, стомниња, бардиња, грниња ќе прави војна и за нас, вели, па уште ние останавме без држава, вели, стомниња, бардиња, грниња, на сите околу нас им даде, вели, стомниња, бардиња, грниња, зар другите ѝ се породнини од нас, вели и ги крева стомнињата едно по едно, го чука со претите и после дува во нив да видат луѓето дека никое не тиши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Инаку и тој, и добитокот и кучињата би се чувствувале како заробеници на ова за очи чудесно убаво, неописливо убаво бело зло.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)