ова (зам.) - знаме (имн.)

И само е предупредување што „Непознатиот:/Див,/Молачлив,/Суролик.“/ го извива ова знаме на закана над сѐ што било, е и ќе биде во суштина на песната и во нејзиното повратно случување врз дел од замислената слика на нејзиното постоење.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Под ова знаме Гоце се борел и татнел вишен небосвод, под него борец со желба горел, - за народ, правда, име и род!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Имав време само да го скријам италијанското и да го најдам грчкото знаме! – Каде го најде, жити бога, грчкото знаме? – Си го донесов со чеизот! – Никогаш не го видов ова знаме!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ова знаме во Поградец се крена по повод независноста, во 1912 година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)