ова (зам.) - зло (имн.)

- Ве молиме, соопштете ни дали имате некакво искуство како да го ублажиме ова зло?!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Бог нека помогне! Сето ова зло би го изгорел со усвитено железо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И кој знае колкупати си го поставува истото прашање: - Кој ли го измислил ова зло – убивањето? – дали некој ќе го искорени?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Загубата на Караман не можеше да ја преболи. А и сопствениот страв, сопствената немоќ пред ова зло го измачуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сведочењето во врска со ова зло, запишал монахот, кое долго трае и непречено поминува низ тесните сокаци на времето, има за цел не само да го загатне туку и да ни го предочи приближувањето на злото што многу потсетува на темен облак кој може да биде и предвесник на бура што може неочекувано насекаде да се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Чекај, мислеше, чекај. Треба да се најде коренот на ова зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)