ова (зам.) - ми (зам.)

Леле само уште ова ми фалеше, турци, Боже мили, ...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Добро, Срцка. Остави и јас сам да откријам нешто. Ова ми изгледа како раскажан филм кој треба да го гледам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Е и ова ми се допаѓа – си мислам, иако малку ме вади од рамнотежа нејзината мирнотија.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ќе видам – одговара мајка ми – зависи како ќе бидам расположена. И ова ми се допаѓа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сега ќе ја шокирам – си велам и стартувам: - Да, тебе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога студирав во Скопје еден пријател ме однесе на едно вакво модно дефиле, ова ми беше втор пат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ова ми се деси еднаш додека шетав по бесконечните рафтови...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Сето ова ми го замеси секретарот Фагорис.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако има тешко, вели, ова ми е најтешко.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ова ми е некоја револуционерна дејност, вели Оливера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ова ми е сѐ што имам од татко ми... И за никакви пари не го продавам.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Прегратката на маж во која без да сакаш ќе налеташ е нешто сосема друго се трудеше да ми објасни Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За разлика од тебе тој вопшто не е лицемерен”, изгледа Јана ѝ се обрати директно на Катерина, бидејќи во истиот момент гласовите и на двете жени се измешаа а потоа се јави и гласот на Непознатиот, веројатно за да ги смири.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Тој одбегнува компромиси. Ова ми го рече и сопругот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И ова ми го соопштуваш на ист начин како на пример она твое влегување во НАМА за да пробаш здолниште, приговарав, и тоа сосема оправдано.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Стоп! – возвика Дедо Мраз се уште замелушан, капнат – Сево ова ми заличува на брег!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Ветувам дека ова ми е последната чашка,“ рече. Се насмевнав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Да,“ продолжи тој. „Има толку нешта кои сакам да ти ги кажам, ама не знам дали сакаш да ги слушнеш, и не знам дали има зошто да ти ги кажувам…“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Признавам дека имам уште многу да учам – го прекина Еразмо старецот. – Мене, сето ова ми прилега само на куп зборови, кои можеби ќе успеат да поттикнат некого да направи обид или мал чекор кон просветлувањето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Оттогаш, секое утро се разбудувам пред муграта и ја гледам. Ова ми е прво утро да ја видам вака валкана, градска.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)