нѐ (зам.) - чуе (гл.)

- Идиот, ќе нѐ чујат, низ заби писна налутениот Пенчо, ноздрите му беа змејски раширени, но всушност личеше на згрчена птица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ајде да се качиме горе, утре е пазарен ден, движење, врева, бркотници и со динамит да пробиваме никој нема да нѐ чуе. Целиот ден ќе го употребиме околу цевката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Врвиме меѓу ќелиите, долапите, и кашламе за да нѐ чујат другарите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се молевме кон небото – а гласот ни беше тежок И паѓаше пак долу на земјата За да не нѐ чуе ништо зашто немаше кој да нѐ чуе.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
- А бре, кој ќе нѐ чуе ваму, вели Јоше Свирачот, волците или вејвериците?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А нема до кого да се добереме, кој да нѐ чуе, да нѐ земе под крило.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)