нѐ (зам.) - чуди (гл.)

– „Ба, братко, колку за тоа така си е, му рекле друзите на стареата, нека е жив Силјан, многу итроштиње научил дури шетал по туѓи земји, да од тоа ќе знае и приказни што чул да ни каже и да нѐ чуди.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Секоја од овие можности има донекаде различни предности и недостатоци. Најмалку радикален чекор кон ублажување на забраната би било класирањето на дрогите по категории при што би се легализирале најмалку опасните.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но нѐ чудеше кога тој ќе одмавнеше со рака и сосем млако ќе речеше дека овие биле сосем мали возови, наречувајќи ги желчиња и чајничиња, зашто по другите градови имало уште многу, многу поголеми возови, кои тој на млади години ги терал...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Оттука не нѐ чуди фактот што евентуалната легализација на марихуаната ужива најширока поддршка, иако некои на тој список би го додале и хероинот. Австралискиот социолог Стивен Магфорд предлага марихуаната јасно да се издвои од кокаинот и хероинот така што би се пуштила во слободна продажба, додека сите други дроги би се продавале врз основа на лиценца.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бројката нѐ чудеше и занимлива ни изгледаше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)