нѐ (зам.) - фрли (гл.)

Некои прошепотија дека ќе нѐ фрлат во морето...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нѐ фрлија в карцер, во самица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А пампурот сал рикаше и рикаше, а ние собрани куп, се тресеме, плачеме и си велиме - е сега ни дојде крајот, тука каде ништо не се гледа ќе нѐ фрлат во морето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
БОРИС: Подобро да нѐ фрлат. Прееска некој помина.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Кога врвев над амбарите, под душемето, се ежев сиот зашто кога сакаа да нѐ смират, старите ни велеа дека ќе нѐ фрлат во амбарите, во кои живеат и се кријат големи, троглави змии што ќе нè проголтаат на трепнеж.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Ќе не симнат во некое предградие на копното, ќе ја смират во нас морската болест, и пак ќе нѐ фрлат на бродовите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)