нѐ (зам.) - растовари (гл.)

Патот беше долг и траеше цела ноќ. В зори нѐ растоварија покрај морето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Утрото пристигнаа камиони, нѐ товарија во нив и нѐ растоварија пред железничката станица во Битола.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И така стигнавме во Одеса. Тука нѐ растоварија и нѐ товарија во вагони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нејсе, нѐ растоварија на Гибралтар како вреќи премрзнати компири.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Нѐ растоварија долж брегот, во мочуриштето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нѐ растоварија на крајот од станицата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тука нѐ товарија во вагони и возот нѐ растовари во Браилово, каде имаше многу деца од преспанските, костурските и воденските села и секој ден пристигнуваа и други.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)