нѐ (зам.) - рани (гл.)

КОТЕ: Што да правиш кога земјава не нѐ рани...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И како што пловеше пампурот, тие жените во бело облечени, добро нѐ ранеа и кога ни зборуваа почнавме да разбираме од нивните зборови, та си шепотевме – море овие ќе да се наши, та се преправаат дека се други.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога бевме деца, нѐ ранеа со солпипер, нѐ облекуваа во шајачно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ние бевме што бевме! Ем само со еден грав нѐ ранеа - ја ќе најдеш зрно внатре ја не.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)