нѐ (зам.) - раздели (гл.)

62. Други нѐ разделија и создадоа од нас и Бугарите различен живот, разни потребности, нерамна положба. Други и не ни даваат да се соединиме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Новата граница преку ноќ нѐ раздели.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сега сакаа да нѐ разделат од козите, од нас самите. Зар можеше да има поголемо балканско проклетство?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во тој момент се отвори вратата и татко ми, бесен од лутина, разбуден од првиот сон скокна да нѐ раздели.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
ме нацрпува и ме крева в раце Горачинов и ко невеста ме внесува во кабината, да не сум ти тешка, му велам, чевлите ти се тешки, ми вели Горачинов, тоа е најтешкото на тебе, ми вели, а пред вратата аплаудираат и Силјан Лилјаков и Филип Хаџиевски и Ристо Коларов и Лазор Рогожаров, што ќе правиме ако нѐ разделат, му велам на Горачинов, ништо, вели тој, в затвор не можам да те изневерам, а на бесилка уште помалку, ми вели и ме легнува на креветот, којзнае дали ќе ме сакаш после, му велам, којзнае дали ќе можеш да ме сакаш,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Земјо, зар не збунува присуството на таа жила што нѐ дели никојпат да не нѐ раздели?
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Не ја почнале, се гледа, за нешто друго, ами за да не искоренат, синко Кире.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Оф, колку беа озлобени, мислиш со прсти ќе им ги искорнат срцата. Туку нѐ разделија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)