нѐ (зам.) - разбуди (гл.)

Таа вечер преспавме таму и утрото нѐ разбудија и нѐ однесоа на станица. Тогаш првпат видовме воз!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Едно утро, нѐ разбуди гласот на радиото, во форма на паун, коешто Татко го донесе уште од Цариград и го носеше со себе при сите преселби.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нѐ разбудија, на брзина ни поделија оружје и на камиони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Татко ми стана и се обиде да нѐ разбуди, еден по еден, сите освен Рашела.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сепак нешто станало кога веќе се решил да нѐ разбуди.“ И пак тој трепереше сеќавајќи се на зракот и на `рзнувањето и брзо се крстеше како да симува пајажеста павлака од челото: „Јас чув. Ви се колнам, јасно чув.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)