нѐ (зам.) - пушта (гл.)

Пазарџиите веќе си отидоа, вели. ’ Рњос-мрњос, не нѐ пушта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Штом не нѐ пуштаат слободно да заминеме од земјава, тоа значи дека имаат план за нас,“ рече Паулина. Јас молчев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
бати пасошите нели Македонија е слободна, а народот со лева рака се крсти и се чуди што ни стана, да не се јавило некое непознато беснило што нѐ скокотка и нѐ тера на смеење, ама од Македонија еден излегол, а цел свет дошол на тепање, што не се тепаат кај нив, ама на туѓо гумно и на туѓ газ не боли толку многу, и така радоста ни беше пуста, се враќаме преку туѓа земја, првин во Варна: војска, војска нѐ опколува и еден по еден нѐ пушта низ страга, ко овци на молзење, 117
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стаклото ја пушта светлината, но нас не нѐ пушта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Требаше да стигнеме вчера. Појдени сме уште од вчера утро. Но снегот не нѐ пушташе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)