нѐ (зам.) - прогонува (гл.)

Дело ограничено со една тромава естетика, производ на една уметност на најмало напрегнување, творба на една епоха на низок водостој и слаб проток, што би била состојбата во која се најдоа уметноста и естетиката во вторава половина на дваесетиот век; тоа дело го претставува одговорот на уметникот на оној став на публиката кој тежнее еден Лоеонардов портрет да биде преобразен во „ла Gioconda” - т.е., во нешто повеќе од едно дело, во некакво над- дело, во едно пренапрегнато дело, мит, амблем на секое уметничко дело - толку упорно присутна во своето самољубие, што и кога веќе не ја гледаме, нејзината насмевка, што наликува на насмевката на Carrol-овата мачка, не престанува да нѐ прогонува, дури ни тогаш кога сликата исчезнала.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кога сме кај сметањето, да ви кажам дека во циркусот опсесија ми стана пресметувањето на волуменот на чаши и пехари; ме интересираше колкав е волуменот на еден женски папок, штом толку ѕвезди собира во него, и какво жестоко небесно питие има во папокот на жената при парењето, штом толку жестоко опива тој пијалак, сосема невидлив, занемарлив кога се изразува во единиците за волумен); значи, тие имаа простор, ние дел од него; ние бевме прогонети од големото на малото небо, а нѐ прогонуваа такви како Луција, како Фискултурецот, како подоцна и Земанек; така беше тоа и беше – утешно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Поважна веројатно беше онаа наша заедничка помисла: која и каква може да биде високата цел што стои пред нас додека нѐ прогонуваат глутниците на смртта?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)