нѐ (зам.) - принудува (гл.)

На Голи Оток, во името на нашето превоспитување, наводно поради сталинскиот грев, нѐ принудуваа да минеме низ вистински физички душевен пекол.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А бидејќи деконструкцијата понекогаш нѐ принудува да прашуваме за вистината, за умот, за смислата, за светлината, постои еден момент во кој тоа прашање за вистината веќе не му е подложно дури ни на авторитетот на умот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
(...) Бартелми нѐ принудува да ги напрегнуваме интелектот и имагинацијата, а на крајот нѐ остава збунети; неговата постапка мошне наликува на онаа на Ешер во делата како што се Конвексно и конкавно и Коцка со магични траки, кадешто воопшто не сме во состојба едновремено да го видиме и конвексното и конкавното.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)