нѐ (зам.) - пречекува (гл.)

Влегуваме во меаната од Доксима Тренчески. Доксим рипнува и нѐ пречекува, се смее. Вистина кисело, ама се смее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кога се враќавме испотени и истоштени, пред портите од бодликава жица нѐ пречекуваа наши врсници со нарамени пушки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На портата еден мил лик со големи, многу длабоки очи, сини, чисти, најубави очи нѐ пречекуваа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се викам Дејзи и многу се радувам што сте од Европа - нѐ пречекува малолетното девојче кое ги опслужува гостите во ресторанот Хуан дел Мар на плоштадот Санто Доминго во Картагена.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Уште на самиот влез во Тирана нѐ пречекуваат мамутски плакати со веќе видените пароли во кои постојано се запишани имињата на: Сталин, Водачот, Партијата...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На ридовите, врз бункерите, насекаде на патот ќе нѐ пречекуваат нови и нови пароли: Со Сталин до вечноста!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Горе нѐ пречекуваа млади жени облечени во бели палта, не фаќаа под мишки и не носеа долу по скалички.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)