нѐ (зам.) - послужи (гл.)

Чанга убаво нѐ пречека, нѐ послужи со топло козјо млеко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во кафеаната, веднаш до езерскиот брег (изградена од дрво со многу пластични елементи) замоливме да нѐ послужат со кафе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Ти олесна, мори Марионке?“ „Ми олесна Спасио“. „Ех, уште кафенце да има некој да нѐ послужи“!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нѐ послужија со чорба која е сварена од коктел на зеленчуци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пред нас скрснозе седнаа домаќинот и Исо, а домаќинката откако нѐ послужви со слатко и студена вода, во мали филџани го донесе кафето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така беше при повеќето наши средби во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Влеговме во неговиот работен кабинет. Нѐ послужија со чај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)