нѐ (зам.) - понесе (гл.)

Ние тогаш се најдовме на врвот, чиниш готови да полетаме до првиот облак кој ќе нѐ понесе, ослободени од сета земјина тежина, како семејство од платно на Шагал.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така занесено вареше, клокоти стриче Секуле, чиниш грнче со грав, толку беше занесно што нѐ понесе и нас.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Луѓето почнаа да се дават и да пливаат, но тогаш голема бура се крена на морето и голем бран стана и нѐ понесе понатаму, кон брегот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)