нѐ (зам.) - познава (гл.)

Ни се чинеше дека многу одамна се познаваме, а и тој се однесуваше така како да нѐ познава од памтивек.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се правеше дека не нѐ познава.„ Го кубеше крајот на уларот и беше замислен. „Но сепак нешто станува.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не нѐ познава. Прв пат нѐ гледа!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Само нѐ гледа онака, беспомошно, како прв пат да нѐ видел, што се вели, како да не нѐ познава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ познава, и ние ја познаваме сега.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)