нѐ (зам.) - погоди (гл.)

4. Заборави дека некогаш сме се разделиле мисли на времињата кога сме се шетале како месечари низ светот на копнежите кога душите сме си ги испраќале видовити над некое непознато море да се љубат ноќе, кога сонот ни гледа во ѕвездите – сите нѐ стрелаа, само вечноста нѐ погоди.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Овде посебно нѐ погодува точноста со која учителката е во состојба да ги придвижи можностите на момчињата во насока на правилното општествено однесување, и брзината со која тие возвраќаат.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Со милноста на песните и нас нѐ погодија во длабочината на градите, ни ја стоплија душата, та и ние срипавме и тргнавме кон нив, и без здив се прегрнавме, се слеавме и песна запеавме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И продолжија да стрелаат обајцата насменка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Слушај, Ѓуро — му вели Крсте на Јована. — Ова, ќе се умира што ќе се умира, ами гледај лежи право со главата кон куршумите да не нѐ погодат некаде на друго место, та живи да нѐ печат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)