нѐ (зам.) - опкружува (гл.)

Оваа клима нѐ опкружува до тој степен што веќе не сме сигур­ни кој всушност ја води државата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ние (луѓето) одиме понатаму од формалните структури и семантичките мрежи на ВИ и го вгнездуваме нашето знаење во интеракциите со светот што нѐ опкружува. [...] Со ова, да се потсетиме на Шајлоковата страсна одбрана на неговата човечност: „Нема ли Евреинот очи?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Не е точно тоа дека имињата на Маргарита или Ана дојдоа подоцна или дека сега тоа е начин да ги разликувам во пишувањето, таквите нешта веднаш стануваат одлучени со самата игра, сакам да кажам дека одблесокот врз стаклото никако не можеше да се вика Ана, како што ни Маргарита не можеше да биде името на девојката што седеше наспроти мене не гледајќи ме, со погледот на црните очи загубен во тагата на тој интеррегнум каде што се чини како сите да ја консултираат зоната на визијата која не е онаа што нѐ опкружува, исклучувајќи ги децата кои гледаат право и сосредоточено сѐ до денот кога и нив ќе ги научат да се сместуваат по меѓупросторите, да гледаат а да не видат, со она пристојно незнаење својствено за секој близок привид, секој опиплив допир, при што секој е улежан во своето меурче, класифициран помеѓу загради, додека ја чува постојаноста и најмалите количества од свеж воздух помеѓу туѓите колена и лактови, затскривајќи се зад „Франс-соарот“ или џебните книги иако скоро секогаш е како сега со Ана, скоро секогаш се некои очи што се сместуваат во процепите од она што навистина може да се гледа, што се сместуваат на она неутрално и делумно тапо растојание што се протега од моето лице до лицето на човекот сосредоточен на својот „Фигаро“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Второто откритие произлегува од потребата математички да се опишат некои од најнеобичните и најсложените појави во светот што нѐ опкружува: облиците на планините и облаците, создавањето галаксии во вселената и, поблиско до секојдневниот живот, колебањето на цените на пазарот на пари.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во таа смисла, еден евидентно анахрон концепт за тродимензионален простор кој е тнр. „база“ на медиумот „архитектура“ веќе не може да опстане во своите три димензии туку ги користи придобивките (кадрирање, суспенз, нарација...) на тнр. дводимензионален простор на филмот, на пример (кој, парадоксално, „со една димензија помалку“ - иако и таа се освојува со Виртуелната Реалност - се здоби со повеќе „реалистичко ткиво“, со повеќе „видливост“, да речеме, од множеството тродимензионалност што нѐ опкружува!), или, уште порадикално, архитектурата ќе мора да се соочи и со тнр. мултидимензионален концепт за простор на Хокинг (кора од портокал, како пример!), кој станува парадигма за „просторна ориентација“ на крајот на веков. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 11
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Секогаш има многу повеќе работи што можеш да ги забележиш - нѐ опкружува море мистерии.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Или, со други зборови, компјутерите се способни да синтетизираат алтернативни светови, што ги проектираат од алгоритми, т. е. од симболите на калкулативното мислење, коишто можат да бидат исто толку конкретни колку и светот што нѐ опкружува.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој се однесуваше како воопшто да не ме забележува, како воопшто да не го забележува ѕидот и сѐ она што нѐ опкружуваше во домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога ќе сфатиме дека “со своето прифаќање или одбивање го расипуваме единството на нештата”, јасно се открива дека проблемот воопшто не е во светот кој нѐ опкружува (нештата во него се само она што се), туку во нашето секогаш смалено и лично обоено гледање кое нѐ изобличува и отуѓува од себе.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Стандарден начин да се припитоми и одомаќи невозможната комплексност што нѐ опкружува е да се изумат неколку “бајковидни, самовилски” Богови, колку поинфантилни толку подобри, и да се постават неколку детски правила: Почитувај ги мајка ти и татко ти, итн.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Правилата се едноставни и логични.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)