нѐ (зам.) - обземе (гл.)

Но, човек на сѐ се навикнува и полека сите нѐ обзеде сон.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Одеднаш, во еуфоријата што нѐ обзеде пред девојчињата (цело време погледнував дали е тука Луција, но неа ја немаше; утеха ми беше што тука беше нејзината најдобра другарка и јас претпоставив дека таа бездруго ќе ѝ пренесе што видела), додека Земанек лудуваше на мотоциклот, крај оградата на патеката видов скала: обична скала со која се берат јаболка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нѐ обзема возбуденост, а со неа незадоволство.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Фатија да нѐ обземат севозможни мисли, претчувства.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нѐ обзеде силен страв. За Мајка. И за Татко. За сите нас. За тажното емигрантско семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нѐ обзеде силен трепет кога, од далечината, ја забележавме нејзината осамена силуета, со двете куферчиња, како ни наближува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На свое лично ниво во однос на тоа секој е искусен; ако говориме за нивото на колективните идентитети, можеме да се сетиме дека во Европа, и не само кај нас, веќе подолго време, а особено по падот на Берлинскиот ѕид, течат толерантни кампањи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тогаш прибеснуваат на видело страстите, коишто очигледно неуспешно сме се обидувале да ги урочиме со благозвучни зборови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога лутината што нѐ обзема е света, покажуваме дека сме подготвени в миг да го голтнеме повикувањето на толеранција и во другиот да го исплукаме она во што навистина сме загрозени.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)