нѐ (зам.) - напушти (гл.)

Имињата беа тука за себеразбирање, за разумност на предметите и луѓето, за сотворение на малите билки едночинки и ситните животинки, за дарување кога поривот нѐ напушта слично на потребата од нивното постоење.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Во колата настапи вистинска радост штом се виде знакот дека се ближиме кон автопатот, кој нема да нѐ напушта сѐ до Прага.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Си велев: Прениско е ова место за да се стигне навреме да се стигне пред гламната да прегори пред виделото да нѐ напушти за да ѝ се врати земеното на земјата: вода, оган, крв.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Нѐ напушти, ја прошируваше приказната, една како тетка ти Ангелина, знаеш, како мајка ѝ на Евгенија, му го сврте умот, џенем фатија!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Остана во Војводина, нѐ напушти, златна!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Како и да е, во тој замок-каде-и-да-е, една од забавите на исто така (како и господинот Сенка) непоимливо осамениот Призрак се бес­крајните прошетки од скулптура до скулптура, од слика до слика, гледајќи го (осветлувајќи го!) сето она што, на некој начин, не може да биде тој самиот; т.е. доволно згуснат за да биде фор­ма, доволно собрани тие честички светлина (од кои е составен господинот При­зрак) за да биде целина, суштество, а не некој вид на вампир осу­ден на талкање меѓу мртви предмети.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Никогаш не нѐ напуштил, тој е на земјата!“, велат едни; „во најдобар случај, глупаци, тој е само над“, велат други.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога ќе нѐ напуштат плодовите ќе тргнам во потрага по мојот бел камен.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сакав да ја стигнам... Но Мајка, вистински, овој пат нѐ напушти, за прв и последен пат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)