нѐ (зам.) - кара (гл.)

Ние, девојчињата, си ги сакавме и кога понекогаш, ама повеќе од навика им велевме добар ден, наместо калимера, тие не ни се лутеа и не нѐ караа, ами ни велеа: - Дома, со мајките, бабите и дедовците, секогаш да си зборувате само грчки, зашто само така ќе можете да бидете добри девојчиња и тогаш и Господ и Богородица многу ќе ве сакаат и секогаш ќе ве заштитуваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потем Фисот говореше глупости, како и обично; нѐ караше, ни се закануваше со укори, мавташе со прстот; и конечно, некаде пред крајот, рече дека би било добро да има што помасовен одглас на распишаниот конкурс за литературен состав на тема: „Перспективите на народната уметност денес.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
— А бре, какво запопуање, аир да не сториш! токо м'чи, ќе нѐ караат, и слушај, види шо убаво зборуа ..попчето!“ — го кара Стојо Јована.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нѐ кара, кара Џоџо, што му дојде на уста да ни вели, а ние само гледаме в земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
После многу нѐ караше. — Не сте овдека на свадба, ни вели, не сте на излет, не сте на љубовна средба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оди, оди кај твојот ранет за да не нѐ караат. Ајде, оди - и без да ја погледне се наведна и ја подигна носилката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)