нѐ (зам.) - кани (гл.)

Подобро жива да ти се нарадувам. Инаку на гробишта двајцата ќе нѐ каниш...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Нашите пријатели нѐ канат на последната средба за османизмите во гастрономијата, во балканските јадења, ќе дискутираме и вечераме, теоретски и практично ќе го откриваме вкусот на задржаните османизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И ти би можела да се вклучиш во вечерата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И покрај тоа, тетка Олга не престана да ни се јавува и постојано да нѐ кани на гости.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нѐ кани на гости за првомајските празници. Што велиш, да одиме?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дрвената порта ја отвори ширум и со обете раце нѐ кани да влеземе в куќи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)