нѐ (зам.) - интересира (гл.)

- Не верувам дека е крив, но тоа нас не нѐ интересира, господин управниче, - рече Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Нас нѐ интересира светската гео-историја, а Фуко ја презира.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не нѐ интересира што се случува во фармите, кланиците или кујните.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сметал дека по завршувањето на војната „нема да има конфликти меѓу Грците и Македонците за независна Македонија што верувам е сѐ што нѐ интересира нас како воена мисија со извршување на одредени воени задачи“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Нас нѐ интересира она што не е веројатно, значи оној елемент што води до уредување на нештата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но тоа е само еден слој на нештото или на необичната авантура наречена опус за кој непрекинато чувствувам дека се отуѓува, развластува, се распаѓа на парченца за никогаш веќе да не се состави во својот потпис.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Речете, кој друг би можел да нѐ интересира?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И не нѐ интересира многу-многу да бидеме икони на благородна трагедија ниту храбри и вистински јунаци озарени зад цревата за кислород.167 Други примери на вакво одбивање од геј-мажите да ја третираат ХИВ/сидата како „благородна трагедија“ има од драмата на Роберт Патрик Пешопозитивен (Pouf Positive, 1987), со реплики како „Мој е журот и ако сакам ќе умрам“ (со која се преприсвојуваaт насловот и рефренот од класичната поп-песна од 1963 од Лесли Гор, Мој е журот и ако сакам ќе плачам / It’s my party and I’ll сry if I want to), до СИДА!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најчестиот одговор на поборниците и поборничките на кусо би го резимирале вака: популарната култура само го зацврстува веќе постоечкото однесување и погледи, а ретко создава нови модели.6 Несомнено еден од критичарските евергрини е влијанието на телевизиското и општо медиското насилство врз однесувањето на (пред сѐ младите) гледачи и гледачки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Медиокритетската и цмиздрава желба за сопствена потврда во очите на другите за нас не постои - постојат пределите на мислата, екстатичните полиња на дигиталната комуникација во кои секој се прифаќа и доколку воопшто се вреднува тогаш тоа се прави исклучиво според неговиот интелектуален производ.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Иако во последните години оваа полемика повторно се степенува, првите подвизи на критиката од овој вид имаат корени во педесеттите, во росните години на рокенролот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ние со тоа не ја губиме сопствената индивидуалност, токму спротивното, ние со претопување - никако втопување - во целината постигнуваме еден повисок степен Margina #32-33 [1996] | okno.mk МАРГИНА елементи на самосвест 11 на расудување, помала можност за грешка, мултиплицирана желба за чекор напред, засилена волја за борба против старото. (...) Меинстримот не нѐ интересира.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Според темата нас нѐ интересираат пред сѐ оние три, во коишто се класифицирани трудовите што се занимаваат со негативните ефекти што популарната култура наводно ги има врз високата култура, врз публиката и општеството во целина.5 Обвинението за штетните ефекти на популарната култура е засновано на три претпоставки: дека однесувањето за коешто е наводно одговорна популарната култура, навистина постои и е с присутно; дека содржината на популарната култура содржи модели на таквото однесување; дека затоа има негативни ефекти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но, она што нас нѐ интересира е: Дали Флоренс, ако била жена на писателот на пиесата или на режисерот, би му го поставила истото прашање?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како и да е, нас тука нѐ интересира првата од овие школи, таканаречената сликовита теорија за јазикот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тие апстракции многу помалку нѐ интересираат отколку правото што го имаат Алзашаните, луѓе од крв и месо, да ѝ се покоруваат само на власта што ја признаваат”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нас не нѐ интересираат вашите глупави престапи што сте ги направиле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Партијата не е заинтересирана за отворениот чин: единственото што нѐ интересира е мислата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Многу обиди механички да се произведува музика пропаѓаат, бидејќи тие се моделирани да креираат еднаквости, додека она што нас нѐ интересира е разликата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Па она, знаеш, што сите нас нѐ интересира...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Повеќе отколку сличностите меѓу трите филмови, нас нѐ интересираат разликите меѓу нив - во што се вкоренуваат тие разлики?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тогаш ние не знаевме ни дека организацијата е бугарска а камо ли фашистичка. Тоа нас не нѐ интересираше. Нам униформата ни беше важна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Златното доба“ или иднината во суштина не нѐ интересира ако треба сѐ напредно ќе собереме во една клада и ќе го запалиме „ќе постапуваме благо и без пролевање крв“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Нас нѐ интересира дали Албанија и Југославија ви даваат оружје, храна, облека...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Што се однесува на она што нѐ интересира, ќе речеме дека е битна споредбата меѓу овие две епохи, едно слично проблематизирање на статусот на уметникот во општеството, или, поточно, неговиот углед.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тетка ми Оце, се чуди и никако да се изначуди како може да не нѐ интересира кој се јавува и зошто. Ние не се чудиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ние знаеме: најчесто се јавуваат пациентите на татко ми и многу е здодевно да се слуша како тој им дели лекарски совети по телефон.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)