нѐ (зам.) - зграпчи (гл.)

Да, си дозволуваме да живееме во радост, пред да нѐ зграпчи несреќниот крај на козите, не сакајќи да ги пропуштиме последните мигови среќа со нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нѐ зграпчи за рака, нѐ фати за косите и ни ги чукна главите една од друга.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ние - беше нешто премногу конкретно и нешто сосема нестварно, истовремено, организам кој нѐ препознаваше и во кој се препознававме, оти тоа, всушност, бевме ние, судбина наша и на многу други кои секојдневно се заплеткуваа во пајажината што ни стана порок и заради која како инсекти се заробувавме самите себе станувајќи му плен на црното страшило кое упорно чекаше во дувлото да нѐ зграпчи со своите канџи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ноќта нѐ зграпчи во своите раскошни постели...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)