нѐ (зам.) - забавува (гл.)

А автобусот одеше кон Стоби. Во Стоби бевме цел ден; Земанек нѐ забавуваше сите, пеејќи народни песни; го придружуваа на гитара и хармоника, и наскоро, сите пееја и играа оро на ливадата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тука, се разбира, не ги вбројувам исклучоците (имаше во циркусот и една жена што можеше, лежејќи на стомак, да се свие во половината и нозете да ги префрли до лицето; често нѐ забавуваше пушејќи во таква поза); но во циркусот имаше и поинаков став кон техниката: најмногу се работеше на техниката при изведување на точките, а при изведбата на точката техниката мораше да се заборави; во спротивно, се плаќаше со живот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ви пожелувам уште долго - долго време да нѐ забавувате со вашиот прекрасен женски талент.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)