нѐ (зам.) - врзува (гл.)

Значи, нас со Бугарите нѐ врзуваше едно заедничко име, еднаков однос кон нас од страна на Грците и Турците, еднаква жед за слободен од фанариотите и Турците живот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие патуваа за Луксембург па и патот нѐ врзуваше да бидеме заедно до Кобленц.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- „Може ли во болка да се сака?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Некогаш нѐ врзувеше љубовта, сега инермедијар е болката која се инфилтрира во душава и те преточувам во бесмртност,како реликвија, драгоцен спомен од минатото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Но, пак да ни дојдеш. Со твојата тетка нѐ врзуваа прекрасни спомени.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Страшен збор, кој еднаш изговорен, засекогаш нѐ врзува и нѐ изедначува со сѐ она што сме, го замислиле и што сме го рекле и со кое никогаш не сме ни помислувале да се изедначиме, а всушност, во себе, одамна сме веќе едно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Тоа, мајко, нѐ врзува - ѝ одговори.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нашите “љубови”, во коишто сме подготвени да ја видиме само здружувачката моќ, нѐ раздвојуваат исто толку колку што нѐ здружуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Помислата на некојшто го мрази она што ние најмногу го сакаме, за нас е неподнослива, особено ако му успеало да ја придобие наклонетоста на некојшто го сакаме; ако си замислиме дека некој се радува на некое нешто, што може да го има само еден човек, ќе се трудиме тој тоа да го нема; ако си замислиме дека саканото нешто врзува за себе некој друг со еднакво или поблиско пријателство од она со кое што нѐ врзува нас, кон саканото нешто ќе почувствуваме омраза, а на другиот ќе му завидуваме... okno.mk | Margina #32-33 [1996] 78
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Навистина групираат, обликуваат колективни идентитети со моќен антагонистичен потенцијал.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)