нѐ (зам.) - воведува (гл.)

Кога двајцата зографи ќе побараат нараторот- поет да им ги ископа очите („за да не гледаме што уште ќе се случува“) јасно е дека авторот нѐ воведува во едно апокалиптичко финале: „Само слушав како баботи небото, како галопираат зловестите коњи и како трубат ангелските труби најавувајќи огнови, скрб и студ.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Да си одиме по пругата“, рече Земанек и јас знаев зошто вели така: во таа општа дезориентираност во тој широк простор, во таа светлина што гаснеше, единствена сигурност да не се изгубиме нудеше пругата; таа водеше некаде, водеше на конкретно место, и гарантираше дека ако се оди по неа, нема да се скршне од вистинскиот пат; мостот нѐ воведуваше право во тунелот, тунелот што изгледаше како да ќе нѐ шмукне, како да ќе нѐ голтне, како да ќе нѐ спроведе на саканото место.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)