нѐ (зам.) - вика (гл.)

За да нѐ претопат нас, тие одбегнуваа да нѐ викаат со народното име.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонија е наша заедничка мајка и нѐ вика сите на помош.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нѐ викате на ударничка акција. Да копаме земја, а ние копаме длабоко во историјата за вас. Да се спасите...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нѐ викаат да ги заземеме старите функции.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нас Македончињата нѐ викаа грчиња. Учевме грчки, унгарски и македонски, а грчињата учеа грчки и унгарски.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ги замоливме да не нѐ викаат повеќе грчиња, оти ние сме Македонци. Не можеа да нѐ разберат.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таа вечер не го чувме ѕвоното што нѐ викаше за строј.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во селото заѕвони камбаната. Нѐ испраќа или нѐ вика на молитва?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гледаме: Коле се искачил на некакво дрво и нѐ вика.Се качивме зазбивани и испотени.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Борбениот повик нѐ вика и пламти во нас со духот на сите предедовци и со дуот на сите оние храбри синови што секојдневно ја пролеваат својата крв по затвори, логори или со пушка в рака.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)