нѐ (зам.) - буди (гл.)

Но наместо да нарамите оружје, ноќе, таму некаде по полноќ нѐ будеа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Беа како напуштена фаланга на која повеќе никој не смета Во текот на целиот месец минат во Бањица, во воена касарна, нѐ будеше звукот на војничката труба, како повик некаде да се замине, како во сите воени походи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Продаваме мал и ушлест рудар, нови утра од сон ќе нѐ будат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Над колата леташе Гавруш Гаврушевски. Со гракање ја дополнуваше песната на ортаците и трговците со ништо. Опа, опа! Пупи Паф ќе копа!
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Од Бадник до Василица, можеби до Водици ќе нѐ будиш со волшебната музика на сјајот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А научив и по тоа што на тој ден дома беше вистинска збркотница: уште во рани зори стануваше мајка ми, нѐ будеше сестра ми, мене, дедо ми и почнуваше она што севезден го проколнував: ги тресевме постелите, ја менуваме сламата од сламарниците, се пентаревме на столови и со метла мавтавме по ќошињата кинејќи ја пајажината, роневме пченка и толчевме исушени пиперки, ги вадевме добичињата да се топлат на сонце во дворот, трчавме по кокошките за да ја фатиме онаа што носеше јајца во туѓа плевна и на која дедо ми уште одвечер ќе ѝ донесеше пресуда зборувајќи дека такви лиоти не би требало да се држат дома.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)