ништо (зам.) - лошо (прил.)

- Што зборуваш, доктуре! - Прашав, ништо лошо не реков, војводо, - рече доктор Коста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Седнете, добредошле. Седнете, кој да сте, мој касмет сте ноќеска, — Не берете гајле, нишчо лошо не иде кај мене на краот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но кога пропеале трети петли и ко почнало да се разденува а Бошета уште го немало да се врати, стрико Никола сиот се вомјазил да не му се сторило ништо лошо и заедно со стрина Николица и со Атанаса ги разбудиле сите домашни и сите зедно, со запалени вивки и гламни, истрчале на срецело и надале гласови, троа навистински троа од навал, за сите да чујат каква нова несреќа ги снашла и да тргнат да го бараат Бошета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)