ничиј (зам.) - друг (прид.)

А некој ден ќе одам кај некој хирург да го ископа силициумот од мојот мозок и ќе живеам со моите сеќавања и ничии други, како секој нормален човек.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Овие, гавазиве, кога ќе дојдеа во Потковицата, одоколу, ги фалеа сите христијани од Потковицата, а најмногу него, Максима Акиноски, дека се вистински мажи, христијани, штом решиле со свои пари и без ничија друга помош да си соѕидаат општина и училиште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Единствена желба да биде кога ќе дојде време да заминеш, да склопиш очи само на тие раце и ничии други.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Таа е сега многу далеку, но пак ќе ми се врати, зошто е само моја муза. Ничија друга.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не дозволувам ничии други зборови да бидат последни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)