ние (зам.) - одвај (прил.)

Дури имаше и недобронамерни префрлања од стари белокоси службеници, како на пример: „Е мори моме, што ти требало да се излажеш по Германец, ние одвај куртуливме од нив, а ти...“
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сега се гледаме во синкастата светлина и во молкот ние одвај забележуваме дека сврти месечината, ѕвездите пребледија, а онаму високо - високо се губи Млечниот пат и тука долу, полека се ретчи мрачнината и зората надоаѓа бледо... Зазорува, драги Џим, И веќе е зора.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)