ние (зам.) - денес (прил.)

Но, ниту тогаш, а ниту ние денес, ваквата појава не ја регистрираме како потреба да се успее на секоја сцена, туку, како недостаток на интуиција, талент и идеја на оние кои се задолжени за градење на репертоарот на театрите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Францускиот теоретичар Пол Вирилио зборува за „дуплирана реалност” (односно, теле-реалност), која подразбира дејствување на нашите сетила на далечина (т.е., ние денес гледаме, слушаме, дури и чувствуваме на далечина, преку технологијата).13 Така технологијата и технолошката револуција во сферата на информации отвораат цела низа можности за сретнување и меѓусебно проникнување на различни култури.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Оваа ситуација, значи, на која и ние денес и овде ѝ присуствуваме е завршен, метастазиран облик на еден дегенериран патријархализам, една одамна мртва етичка конструкција.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Затоа ние денес покрај толку школувани луѓе речиси и немаме интелигенти за самостоен живот”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Општо земено, филозофската дијагноза покажува дека плуралитетот со право претставува суштинска одредба на Постмодерната и дека ние денес живееме во преодна фаза.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се искашла со валканата чизма јa згмечи цигарата и рече: - Ние денес до пладне ќе бидеме заедно и заедно ќе учиме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој не кажува, но најмногу со коњите, па и со карваните, во оперативна смисла, што би рекле ние денес, се занимавал син му Санде.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Охрабрен од јасната поддршка на секретарот, тој продолжи: - Почитуван секретар, ако ние денес не го најдеме излезниот пат на јагулите, разгледувајќи го Проектот за изведба на насипите и хидроцентралите на нашата река, ние засекогаш ќе го запреме патот создаден уште во мугрите на животот на нашата планета.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тие го постигнуваат тоа не преку негирање на доминантниот дискурс на историска меморија и потрошувачка, туку преку влегување во дијалектички разговор со јавноста, во обид да се воспостават односи меѓу различни историски рамки, симболички контексти, како и социјални и политички партии конфигурации: „За мене, централно прашање е каде сме ние денес со демократијата во однос на уметноста?
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
147 Политизирајќи ја свеста на гледачите преку очудување на познати архитектонски обележја, проекциите на Водичко интервенираат во урбаната топографија произведувајќи нови значења и пораки, 146 Rosalyn Deutsche, “Art and Public Space: Questions of Democracy,” Social Text - No. 33, (1992): 43. 147 Krzyszrof Wodiczko, “Strategies of Public Address: Which Media, Which Publics? ” and “Discussion,” in Discussions in Contemporary Culture, ed. Hal Foster, no. 1 (Seattle: Bay Press, 1987), pp.42,48, цитирано во Erika Doss, “Raising Community Consciousness with Public Art,” American Art – Vo;. 6, No. 1, (Winter, 1992): 79-80. 116 принудувајќи гледачот да го преиспита политичкото кое што лежи во основата на архитектурата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)