ние (зам.) - бега (гл.)

- И ние бегаме, продолжува Бошко, и од нивниот глас бегаме, вели, и од сенката нивна бегаме, а сонцето пржи, вели, и земјата се витка како тиквинка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јанис трчаше и ни бараше работа на сите страни, но ние бегавме од него како од оган.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
не му текнува ништо, него стрелајте го, вели тој, големиот, со едно кило петлици на алиштата, него стрелајте го, а селово запалете го, и војниците го грабнаа, го залепија на ѕитчето од црквата и се даде команда ״оган“ и старшијата се свлечка покрај ѕидот, се истиша како и гајдата што заборави да ја испушти од раце и може да е уште таму, оти ние после се разбегавме, тие фрлаат пушки, а ние бегаме, кој нагоре, кон напреку, и после, ене што направија од селото, може да е ова судниот ден, судниот час, вели Николе Валавичарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние бегаме од болеста, а козарите бегаат од нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние бегаме, а тие идат по нас, тропаат и се набиваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)