нив (зам.) - наеднаш (прил.)

Се исправи над нив наеднаш голем и страшен и неговиот глас грубо го скина летот на нивните раскрилени мисли: - Картите ве молам!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Потоа погледна во мене. Во очите ѝ се читаше возбуда, а мене ми се чинеше дека од нив наеднаш искрат барем илјада прашања.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во очите ѝ се читаше возбуда, а мене ми се чинеше дека од нив наеднаш искрат барем илјада прашања.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)