нив (зам.) - кон (предл.)

Проедросот потоа го потфати Котета под мишка, го поведе по нив кон портата велејќи му: - Ти, Коте, не се грижи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кликнува во тебе, се отвораат твоите слабости гради и од нив кон небото излетува чудесна птица, со златни перје.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Со некое особено внимание ми предложија вечерта да појдам со нив кон големата широчина крај турската кула каде што гостуваше циркусот Олимпија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А конците крст сочинуваа, оти секој од нив кон една страна на светот беше устремен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во еден момент, во големиот семеен чун, тој собрал чалгаџии и се упатил со нив кон езерската шир.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пред нив кон ГШ на НОВ и ПО заминала и мисијата Monkeywrench предводена од Џорџ Квајн.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)