нив (зам.) - некој (зам.)

— Ами сега шо правиме? — почна да се тагува дедот Јован. — Ќе нѐ избесат виа пци утре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Онбашијата, Ташко и војникот смртно погодени ги издиваа последните воздиви, a дедот Јован и Бојко уште повеќе се испружија, плашејќи се да не ги закаче и нив некој куршум ако се повторат плотуните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јаков и Лена се мали - ќе се најде за нив некое местенце на островот Бали.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Но, како што сите знаеме, нема во нив некое малечко човече кое чита и следи нешто, и сиот овој начин на зборување е само метафора која кој и да е со мало количество на компјутационална софистикација брзо учи да ја употребува соодветно.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Без интерес следеше: од масата на блондината се дониша до нив некој во „кариока“ кошула и со густи зулифи, зелен од јад и од месечина, и помоли или опцу (не знаеше) браќата да ја остават неговата девојка и да не ги забуцнуваат носовите во туѓо месо.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А како дете бегаше од гробиштата чувствувајќи од нив некоја непријатност, страв.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И тие им биле наклонети на дубровчаните, и ако овие извлекле од нив некоја корист, тие од нив извлекле уште поголема.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И по нив некој ветар зеде да ги ниша дрвјата, да ги тресе гранките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еве, сѐ повеќе луѓе се интересирале за неговото сликање, а тој не отвора изложби секој ден; доаѓаат луѓе и од странство, бизнисмени, мецени, имбецили, можеби некој ќе се заинтересира и за него, ќе посака да му наѕре во ателјето што слика, може нешто и да купи, тие се парајлии, што е за нив некоја илјада долари или марки?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)