нив (зам.) - го (зам.)

Витгенштајновото влијание врз оваа важна област на истражување е упадливо негативно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Уште една поента која тука накусо треба да се одбележи е дека доколку некој е подготвен да прифати едно интенционалистичко објаснување на разбирањето заедно со гледиштето дека стекнувањето и употребата на она што на тој начин е разбрано, е нужно јавна, со тоа би го прифатил она што понекогаш се нарекува „обременет” поим на содржината, но не оној во кој менталните содржини треба да бидат индивидуирани преку објективно сфатените состојби на светот, т.е. состојби кои постојат независно од она што од нив го прави заедницата преку која се стекнува содржината за која станува збор и од чија страна се ограничува нејзината употреба.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но најголем дел од лицата на овие предци се осенчани со внатрешна светлина и пламен што сјае низ жеравките на очите, оној жар што во нив го запали единствениот и севишен бог, оној што на Мојсеј кого што впрочем сите од оваа група го познаваа, своевремено му ги дал заповедите и законот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
По одредено време на сопатниците тоа им здосадило па еден од нив го запрашал непознатиот: “Добро, што е со вас, човеку, што постојано пцуете?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Луѓето не стануваат она што требале да станат според својата природа, туку она што од нив го прави општеството...благородните чувства...како да се собираат, свенуваат, насилно оттргнати и отсечени за да ни доликуваат во општењето со светот - налик на деца-питачи, осакатени и унакажани од родителите, за да што подобро се вклопат во она што ги чека во животот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Меѓу книгите има и по некој ѕиден часовник и секој од нив го шепотеше времето до кое стигнале книгите и каде продолжуваат.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Момчето беше голем уметник, способен постојано да измислува нови комбинации и специјални климакси, а некои беа „ноти“ од сферата на Непознатото, со паузи, привидни дисонанци, ноти кои ненадејно се пробиваа една со друга и прскаа заедно, со вчудоневидувачки, врел и сладок удар. (...) Аракнид, шоферот на Ендрју Кеиф е единствен домородец во Интерзона кој не е ниту педер ниту бузерант.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Набрзо можеше да се види како мозокот тивко, беспомошно болува зад очите, а тогаш мозокот најверојатно и изумре, бидејќи очите речиси му испаднаа од главата и во нив го немаше повеќе оној препознатлив израз, туку израз како кај очите на краба на едниот крај од нејзиниот сплескан труп“. 22 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потоа еден од нив го зеде и го отвори кофчежето... Прстенот маѓепсно блесна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Додека ги споредуваше негативите со направените фотографии, тој едниот од нив го стави во устата, меѓу заби.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Едното од нив го скрив јас. Ќе ви кажам зошто и како.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Имено, постоеше верување дека тука, на Видавнови Извори, доаѓаат да пијат вода душите на мртвите и сетците од црквата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од страв од изгнасување, порано, пред што ги огради Видан, пристапот на злонамерници до нив го бранеа со разни застрашувања, со чести стражарења, но најмногу, а изгледа тоа беше и најпочитувано, со измислување на разни фантастични приказни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Или: „Колку е можно грешката да прерасне во грев кога намерно ќе ја сториме!?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бегав, бегав, бегав, на вратот го чувствував неговото дишење а истовремено ми приоѓаа во некои чудни видливи но безгласни глупостите смислени само за да ме измачуваат, како на пример: „А не знаеш, нели, кој ден сме денес?!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А веднаш потоа онаа слика со Кошевскиот шумар за кого велат дека е најстрогиот државен службеник во планината над Сина Скала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем воздухот што струи од нив го чувствувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Исто така, додека ја палеше цигарата, ги доближи дланките и со нив го заштити пламенот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Може да си го дозволи тоа, зашто геј-мажите, за разлика од жените, никогаш не се во опасност докрај да бидат сведени на својата општествена обележаност и позиционираност како женствени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека се обидува да ја издигне положбата на жените, да ги препретстави како достоинствени, сериозни, јуначни, авторитативни, способни, даровити, љубовни, заштитнички и, воопшто, подобри од мажите – со други зборови, далеку од тоа дека се обидува да шири позитивна слика за жените – традиционално машката геј-култура доследно ужива во претераните, гротескни, извештачени, недостоинствени, одвратни, абјектни прикажувања на женственоста и во нив го бара својот одраз.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа што машката геј-култура истовремено ја прифаќа и иронично ја обратува абјектната општествена позиционираност на жените може да биде полезно за да се објаснат некои упорни недоразбирања меѓу геј-мажите и феминистките, како и да се објасни гласот што ја бие машката геј-култура дека е мизогина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Заземајќи ги, при што иронично ги редефинира, општествените улоги и значења што традиционално им се припишуваат на жените, машката геј-култура дава една својствена, иманентна општествена критика и создава карактеристичен, но препознатлив, облик на политички отпор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А зад нас, таму на угорнинката стоеја нашите мајки и камењарот под нив го растресуваа нивните болни, гласни и распарувачки липања и плачења и со разврзаните црни шамии ни мафтаа на збогување...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И секако, секој од нив го испробуваше својот микрофон, дувајќи и воздивнувајќи во него.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но понекогаш самите тие сфаќаат дека и таа сигурност е привид, дека е само отцепување од постоењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некогаш од сон ме буди неговата смеа; одам, ја отворам вратата, неговата соба е празна, но мириса онака како што мирисаше тој кога беше малечок откако ќе го искапев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Бакни ме,“ повтори Добрата Душичка, и ги склопи очите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ноќе седам покрај прозорецот, слушам чекори и во нив го препознавам звукот на неговите чекори; станувам и го отворам прозорецот, а на улицата нема никој.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа некои од нив го кријат своето вистинско Јас, претставувајќи некое друго Јас; прикажуваат привид, и се чувствуваат сигурно: сеедно дали ќе бидат измачувани или галени, се чувствуваат сигурно, бидејќи имаат чувство дека тоа му се случува на нивното привидно Јас, на измамата која наместо Јас му ја пружиле на светот, додека вистинското Јас само набљудува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како во тој миг да ми го допре срцето со својата рака, затоа што во Гнездо сите ги носевме тие зборови во себе, и ги криевме од себе како што од себе го криевме и разумот, или тие зборови се криеја од нас, а ние ги баравме и место нив го наоѓавме лудилото; и сега се појавија тука, по толку години, кажани едноставно како кога жеден бара вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Покрај Дрвото - на -сознанието живееше аждер во аждерска пештера и им помагаше на будните со тоа што кај него тие ги донесуваа смрзнатите деца, насмеаните смрзнати питачи, смрзнатите граѓани и со нив го хранеа аждерот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Убеден како и секогаш во силата на својот збор, на арамејски, наспроти грчкиот на кој разговараше со Римјаните, пред гневниот народ го раскажа својот живот и со нив го сподели мигот на своето духовно прображение на патот кон Дамаск.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тие вдовици и сирачиња веќе самата мисла на нив го жештеше!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас сета последна година се чудев како кај овој седумдесетгодишен старец со притисок и костоболка му остана уште сила за разврат и - ете ја сега одгатката!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во неа седат чудовишта што постојано се менуваат и преобразуваат - ту се тенки ту огромни, ги менуваат и бојата и полот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Критило во нив го препознава Протеј.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сега можеше да биде чуено и она нивно тивко, цвичливо скимтење, кое секој од нив го продолжуваше како некое само свое тивко мрморење, тоа се престоруваше во ужасно заканувачко 'ржнување само кога две од тие остри вретенести прилики ќе се судреа очи в очи, или кога ќе се разминеа само за еден мигновен чекор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Телевизоров нема добар сигнал и ќе го носиме на Велешко“, им зборуваше, а едниот од нив го креваше во раце, го товараше во гепекот од колата и со татко му тргаше на пат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Меѓу нив го барав изгаснатото злато на меките кадри.“
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа меѓу нив го догледа и својот лик.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Секој од нив го нурна своето лице во брадата на другиот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Ќе ти платам со денов што заоѓа. - Се спогодивме. И тие повторно се прегрнаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Последното од нив го беше добило името според својот изумител од почетокот на 20-иот век Осман Јусуф, а покажува интересна мешавина од арапски, италијански и етиопски елементи.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој на сликарите на „Мост” им ја пренесе техниката на бакрорез, а од нив го научил дрворезот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Потоа меѓу нив го догледа и својот лик: Беше потсмешлив, дрзок, самоуверен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Меѓу нив го барав изгаснатото злато на меките кадри.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Можеше да се договори со неа да се видат повторно, доколку кој било од нив го посакаше тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но најмногу уплавот им се потсили кога наутро ќе ги видеа прозорците извалкани потемнети од чадот што со маглата се изналепил на стаклото: сонцето низ нив го гледаа матно, црно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Еден од нив го фрли шишето во ѕидот, белки ќе се исплаши оваа лоша „стража“, ама и тоа не помогна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога Чана како предводник поминува крај нив го пушта својот глас Ајде црни Дине, ајде Рисо, Трондо, грабајте и по нас! и уште нешто проломотува ама тоа не го дослушуваат, го голтнува вревата и дождот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ги стави сите под тој именител веднаш штом меѓу нив го препозна извесен Миле од Прилеп кој се занимаваше со увоз и извоз на кој знае што.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Присебните трчаат на сите страни, ги прибираат во бараката, и така наизменично, помагајќи си, многу од нив го дочекуваат својот суден ден.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го замешат со овчињата и заедно со нив го водев на пасење.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Едната од нив го збрчка носот, другата ги рашири ноздрите, а најдоминантната се исправи, главата ја подаде нанапред и почна да го душка воздухот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сепак, начин како да стапи во контакт со неа едноставно како да не постоеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Негови богатства беа книгите и сето она што во нив го има!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Крон, најмладиот од нив го кастрирал својот татко... и завладеал наместо него...
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Со сета моќ и сила што е во нив го молат Семоќниот да ја слушне нивната молитва.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во мојата чета имаше од странските борци што се предадоа: Руси, Чеси, Полјаци.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еден од нив го болеше ногата, му беше загноена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Свесна бев колку луѓето сакаат да ме провоцираат, не сфаќајќи дека јас самата тоа кај нив го предизвикувам, веројатно не сакајќи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)