нив (зам.) - почне (гл.)

Бев навистина исплашен од помислата што би можело да ми се случи ако само еден од нив почне да мавта со крилјата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога домаќинот уште еднаш го фати со немирните прсти копчето на неговата кошула, не издржа - околу нив почнаа да трчаат невидливи мачки со кучешки гласови и да се кострешат оџи во чии дворови се кријат митралези.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Почнав да не излегувам, или да излегувам сосема ретко. Сега кај нив почна да расне бес.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И мислам дека постапував коректно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А нив почнав да ги практикувам прилично одамна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сепак, време е да се стави крај на таа неприродна ситуација, особено што принудните работници почнаа да попуштаат, некои нормално и да умираат, сходно со тоа работниот ефект драстично да опаѓа...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Положбата на присилните работници во меѓувреме стана лоша, еден дел од нив почна да умира, од друга страна нивните семејства гладуваат и примаат издршка од еврејската заедница, така што се создаде проблем за решавање.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дружината на бродот одбрала друг капетан и животот меѓу нив почнал убаво како и порано...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Најголема лудост беше кога неколцина од нив почнаа да ги собираат оние што ние ги фрлавме, зашто веднаш и со врисок се фаќаа за главите, раскрвавени.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Од нив почна да испаѓа нешто налик на распнати чадори.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Околу нив почна да дува студен ветер.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)