ни (зам.) - стои (гл.)

Свети Аранѓел со крената сабја ни стои над главата, вели, и си одбира глави, си сече.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А комунистите беа близу. Доаѓаа. Ни стоеја пред вратата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нашата молитва треба секаде и секогаш да ни стои на устата, вели, и пред да го земеме в раце српот и пред да ја земеме в раце мотиката, плугот или секирата, вели, и пред да ручаме, и пред да вечераме, вели, и пред да си легнеме, и откако ќе се разбудиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)