ни (зам.) - стигне (гл.)

На ист начин ни стигна и одговор: „Напразни се вашите желби и барања.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Важно е, вели Максим, да не дознаат Грчиштата што сме се договориле, дека ако не ни стигне до напролет одобрение за ѕидање црква, сами ние ќе отидеме во Стамбол и ќе го молиме Султанот лично тој да ни издаде одобрение.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И набрзо ни стигна писмо дека тате загина за величината и славата на мајка Грција...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)