ни (зам.) - прости (гл.)

- Наближува Чист понеделник, вели Глигор и ајде да си простиме, за да ни прости и господ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа природа пак нежно, без напор и принуда од нас ја извлекува скриената дарба, дозволувајќи ни сами да си го размотаме јазолот, во кој поради незнаење сме се уплеткале...за потоа да ни прости, тој учител, на кого целта му била да не прочисти, па дури потоа сфаќаме: дека затоа тој воопшто и не се појавил во нас!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Кети“, тој рече тивко како божем неговата сопруга да беше до него, „Кети, Господ нека му прости. Господ да ни прости на сите нас!“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На сите како да ни олесна и сите си велиме: имало господ, ги виде гревовите наши, се смилува и ни прости.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)