ни (зам.) - припаѓа (гл.)

Татко често ни велеше дека книгите вистински ни припаѓаат колку што ќе соумееме од нив да извлечеме живот, да откриваме нови излези во сегашноста и за иднината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Без нималку колебање го земаме во прегратки сето она што ни припаѓа, ги припиваме кон себе сите блиски луѓе без кои не можеме да го замислиме нашиот обичен живот, сите копнежи, сите желби, сите надежи, целата љубов, со сето свое совршенство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со еден од овие клучеви, таа отвори и една врата која никогаш не ни припаѓала, во градот крај реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа принуда за Ренан ја претставува најголемата срамота на анексијата и нејзината најмачна политичка иновација: „Човекот нема право да оди наоколу и на другите да им ги мери черепите, па потоа да ги фаќа за гуша и да им вели: „Ти си од нашата крв, ти ни припаѓаш!“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оттаму заклучуваат дека освојувањето е легитимно: „Алзашаните се наши, па затоа нам и ни припаѓаат“, тврдат всушност Штраус и Момзен.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)