ни (зам.) - пишува (гл.)

Во едно друго писмо (ова е напишано од Бугарин) вака ни пишуваат: „Едночудо празноглавци, глупаци и подлеци се зафатиле да посеат раздор меѓу јужните славјани и да им угодат на нашите заеднички непријатели; но нивните напори ќе останат јалови зашто честите и здравомислешти мажи се смеат над исторските шарлатанства на архимандритот Пелагиќ и над „ереминиот плач“ на неодамна починатото многублажено „Право“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Шепотеше молитва што само тој ја знае; поточно: ја измислил со зборовите на некој предок, Јаков Иконописец или Круме Арсов, или некој што живеел далеку од нив колку и тие од него: ...нас сите со млеко од иста измитарена биволица нѐ доеле, господи наш севишен, и од еден склопец нѐ демнела сиромаштијата лутица, семето да ѝ се сотре и од правот нејзин да жугне берокуќничка добрина, и исти пијавици ни се плетеле место учкур околу папокот, орли врз темето лузни ни пишувале и штркови балабани низ грчмак срцето ни го ваделе и го пресадувале на новороденчиња, пред иста земја челото на камен сме го допирале, сме биле, не било не, не ќе сме, вечнаја памјат ни ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Е, па вака ни пишуваат: - Ние, членовите на еколошката секција, со љубов и почит се однесуваме кон природата и се грижиме за здрава и чиста животна средина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)