ни (зам.) - одговара (гл.)

Ташко не ни одговараше, затоа што сите прашуваа одеднаш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Заправо, единствената убава асоцијација што театарот ја буди во мене е сеќавањето на Пепи Мирчевски кога играше некоја античка драма на Охридско лето, а актерскиот костум му го беа накитиле со кондоми полни со вода - ние му викавме: „Пепи, пази да не се запиеш некаде со кондомиве“, а тој ни одговараше „Не ми е мене страв да не се запијам, страв ми е да не се заебам!“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Туку, да не бараме ништо еден од друг, тоа само ќе си дојде, така е подобро и така најмногу би ни одговарало и на двајцава.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Не е важно. Ќе ги освоиме кога тоа ќе ни одговара.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)