ни (зам.) - мине (гл.)

Ќе ни мине животот во туѓина, велеше братот, а нема да знаеме кои сме, кои сме биле, од онаа страна на границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- А! Само ти терај. Ќе ни мине времето, ноќта е долга.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе излетаме од радост што попладнево ќе ни мине во нив. А красни се и погодни за сѐ.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)